Повлечен од продажба антибактериски гел опасен по живот

Грчката национална организација за лекови ја забрани продажбата и употреба на антибактерискиот гел за раце „Лавита“. Бидејќи производот содржи биоциди и не ја поседува потребната дозвола за да биде пласиран на пазарот, се бара негово итно повлекување од пазарот.

Компанијата LAVITA CANDIES е должна веднаш да искомуницира со продавачите и да го повлече својот производ од продавниците, се наведува во огласот на Националната агенција за лекови.

Исто така е разјаснето дека одлуката е донесена со цел да се заштити јавното здравство.

Кои состојки треба да ги содржи антибактериски гел за да биде безбеден за употреба?

Антибактериските гелови најчесто се изработени од 70 проценти етанол, т.е. алкохол, глицерин (кој се грижи за кожата на рацете) и есенцијални масла кои исто така ќе ја направат кожата мазна и ќе обезбедат пријатен мирис.