Уште една поволност за стопанството: Драстично намалени казни

Исполнетото ветување на Владата на Република Македонија за драстично намалување на казните ќе значи уште една поволност за стопанството и граѓаните. Со новите измени на Законот за прекршоци драстично се намалени казните и глобите за граѓаните и за фирмите, а тоа со други зборови ќе значи и драстично се подобрување на условите за водење бизнис.

Во согласност со финансиската моќ на компанијата, освен намалување, се предвидува и нивелирање на висината на санкциите.

-Со Законот за прекршоци суштинска новина е воведување на принципот на нивелирање на санкциите согласно економската моќ на субјектите. Овој принцип беше ветен со предизборната програма на нашата коалиција и денес сме посебно горди што успеавме да го исполниме тоа наше ветување, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Станува збор за уште една поволност за стопанството, која што ќе претставува големо олеснување посебно за помалите компании, како и можност за понатамошно проширување на бизнисот.

Нивелирање на санкциите

Собранието изгласа драстично намалување на глобите
Собранието изгласа драстично намалување на глобите

Особена поволност за стопанството ќе обезбедат новите законски измени кои што предвидуваат нивелирање на санкциите. Измените, како што беше појаснето и во текот на вчерашниот ден ќе предвидуваат три критериуми по кои ќе се нивелира изречената санкција.

Ова, со други зборови, би значело дека глоба во иста висина како досегашната ќе плаќаат само фирмите кои имаат над 250 вработени (а такви се само 0,3% од фирмите во Македонија), и имаат годишен приход од најмалку 100 милиони денари. Сите други фирми ќе имаат далеку помали казни.

Каква поволност за стопанството ќе значи нивелирањето на санкциите?

Порталот „Лидер“, направи груба пресметка, во однос на тоа каква поволност за стопанството ќе значи нивелирањето на санкциите.

Според овие законски услови, порталот пресметал дека  математиката е следна:

Ако на пример една фирма која има до 9 вработени, остварила годишен приход од најмногу 500.000 денари, а претходно не била санкционирана, со новиот закон за прекршоци, таа ќе плати 15% од сумата која што претходно требало да ја плати, односно ако фирмата била санкционирана со глоба со висина од 500 евра, со новиот закон таа ќе изнесува само 75 евра.

Ако фирмата има вработено максимум 49 луѓе, рече тој, па остварила приход до еден милион денари и претходно не била казнувана, ќе плати глоба во висина од 30% од досегашната сума, односно ако глобата била 500 евра сега ќе треба фирмата да плати само казна од 150 евра.

Ако, пак, фирмата има вработени од 50 до 249 луѓе, а остварила приход од максимални шест милиони денари и не била санкционирана претходно, тогаш ќе треба да плати глоба од 55% од досегашната сума, односно наместо 500 како досега- ќе треба да плати 275 евра.

Наместо казни, прво опомени!

За поголемо поттикнување на бизнисот казните првенствено треба да бидат превентивни и едукативни, во таа смисла новите законски измени имаат за цел да ја зголемат економската активност на компаниите.

Со новиот Закон за прекршоци освен што драстично се намалуваат глобите за прекршоците, предвидува и воведување на можност за опомена кон правните лица и трговците поединци.

Според надлежните, се со овој закон се излегува во пресрет на барањата и потребите на граѓаните и фирмите во земјава при што се обезбедува принципот на правичност и намалување на трошоците за работата на фирмите.

Покрај намалувањето на драконските казни уште една поволност за стопанството ќе значи и воведувањето на принципот прво опомена, а потоа казна, којшто првично има за цел да ја оствари превентивната и едукативната улога на казната.

 

За намалувањето на казните позитивна оцена денес даде и ССК.