![motor-soobrakajka-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/motor-soobrakajka-1.jpg?resize=580%2C385&ssl=1)
Скопјанец удрил во мотор и ги повредил возачот и сопатникот, информираше МВР.
Сообраќајната несреќа се случила вчера околу 16.40 часот на булевар Македонија во Скопје.
Тогаш автомобил „опел корса” управуван од Б.В.(63) удрил во мотоцикл „гилера” со национална ознака на Швајцарија, управуван од Р.С.(36) од Скопје.
Од ударот Р.С. и сопатникот Ш.С.(25) со возило на брза помош биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Кај сопатникот биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување, додека на Р.С. му биле констатирани лесни повреди и бил пуштен на домашно лекување.
Извршен е увид на местото на настанот.