Според неговите податоци И.К.(26) се здобил со неколку убоди со нож во вратот и грбот додека И.К.(30) исто така со остар предмет задобил повреди на десната рака и вратот. Двајцата повредени со возило на Брза помош биле пренесени во тетовската клиничка болница каде им била укажана помош по што 26-годишниот И.К. поради сериозноста на повредите бил префрлен на скопските клиники.
-Нивното повредување се случило на улицата „Браќа Миладинови“ односно Благоја Тоска“ во Тетово додека осомничени дека ги повредиле се М.М.(34) и неговиот две години помлад брат Р.М од Тетово со кои претходно физички се пресметувале и кои набрзо се пронајдени, приведени и задржани во Полициската станица Тетово, рече Јосифовски.
Полицијата извршила комплетен увид при што биле пронајдени и подигнати траги за вештачење како и еден нож на расклопување. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок најави Јосифовски.