![aerodromsoobr Шестмина повредени во сообраќајка во Аеродром](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/08/aerodromsoobr.jpg?resize=500%2C274&ssl=1)
Во сообраќајка во Аеродром која се случи вчера околу 16.40 часот на крстосницата меѓу „Јане Сандански“ и „Васко Карангелески“, меѓу три автомобили со скопски регистрации, повредени се шест лица.
Со „ауди“ управувал 20-годишниот Х.Џ, со „шкода јети“ 48-годишниот Д.М, а третиот автомобил во сообраќајката „форд ескорт“ го возел 20-годишниот З.Р.
Сите тројца возачи се здобиле со полесни повреди, а повредени се и сопатниците од „фордот“.
Станува збор за 20-годишните Б.З. и А.З, како и А.М роден 1997-ма година.
Возачите на „форд“ и „ауди“ заедно со повредените сопатници биле пренесени во Ургентниот центар, па пратени на домашно лекување. Возачот на „шкода јети“ е пренесен во „Свети Наум Охриски“.
24-годишниот А.П управувајќи со автомобил „Голф“ изгубил контрола по што влетал и се забил во бензинската.
Возачот и неговиот татко, 52-годишниот М.П кој бил сопатник, се здобиле со тешки повреди и се пренесени во Ургентен центар.