Во комплексот клиники „Мајка Тереза“ вчера било донесено 16-месечно женско бебе од Скопје со повреди.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во разговор со полициските службеници мајката на бебето, А.М.С.(21) од Скопје изјавила дека дека на 23 месецов, околу 12 часот нејзиниот партнер С.И.(34) од Скопје, со кого живеела вонбрачно, го ставил бебето во детско седиште и со своето возило го однел кај дадилката Л.Д.(55) од Скопје.
Според нејзината изјава, истиот ден дадилката ѝ пријавила дека кога го земала бебето од И.С. забележала дека има повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.