Повторно хоспитализиран чешкиот претседател Земан

Чешкиот претседател Милош Земан е хоспитализиран во неделата во Централната воена болница во главниот град Праг, објави телевизијата CNN Prima News, повикувајќи се на службата за односи со јавноста на болницата.

„Набргу по завршувањето на состанокот меѓу претседателот Милош Земан и премиерот Андреј Бабиш, амбулантно возило на Централната воена болница излезе од портите на приградската резиденција на претседателот во придружба на претседателскиот автомобил. Подоцна прес-службата на болницата ја потврди хоспитализацијата на Земан“, се наведува во извештајот на телевизијата.

Здравствената состојба на 77-годишниот чешки претседател неодамна беше во центарот на вниманието на тамошната јавност, бидејќи на Земан му претстои клучната улога во процесот на меѓупартиските преговори и формирањето на новата влада по парламентарните избори од 8-ми и 9-ти октовмри.

Претходно прашките медиуми објавија дека вечерта кон неделата се појавиле информации за влошување на здравстената состојба на Земан, а во некои дури се зборуваше за негова можна смрт. Шефот на претседателската администрација, Вратислав Минарж, за медиумите изјави дека Земан е во неговата резиденција „Лана“ надвор од градот. Портпаролот на претседател Јири Овчачек на Twitter објави дека Земан секојдневно ги извршува своите обврски.

На изборите, Земан гласал во својата резиденција. Доаѓањето на изборната комисија во резиденцијата беше емитувано на телевизиите, но од самиот чин на гласањето на претседателот беше прикажано само на фоторфии.

Земан на 14-ти септември итно беше хоспитализиран, исто така, во Централнатра воена болница во Прага, но тогаш неговата прес-служба не објави ништо. Потоа на веб-страницата на постојната резиденција Прашки град (замок) се појави информација дека лекарите спровеле темелен медицински преглед над претседателот: компјутерска томографија, ултразук и анализа на крвта. Подоцна беше објавено дека прегледите не откриле никакви болести или какви и да се други нарушувања кои би можеле да го загрозат животот на чешкиот претседател.

Порано беше објавено дека Земан пати од невропатија, поради која од пролетта годинава повремено се движи во инвалидска количка и со помош. Покрај невропатијата на нозете, Земан се жали и на ослабен слух и низок крвен притисок. Претходно беше под лекарски надзор за дијабетес.