Пак прободено момче со нож и пак сторител син на полициски функционер и пак како во случајот со син ми Филип Филиповски ќе го спасат од притвор… напиша на Фејсбук, Гоце Филиповски.
За нападот врз Филип се осомничени браќата Александар и Јордан Цветковски, синови на поранешниот градоначалник на Петровец, Звонко Цветковски, кој истовремено е и советник во МВР. По инцидентот во дискотеката, каде беше повреден Филиповски, неговите напаѓачи доживеале сообраќајна несреќа.
Од таму додаваат дека сообраќајката поминала без потешки повреди и само е причинета материјална штета. Сепак, таткото јавно прашува дали возилото е однесено на вештачење, бидејќи верува дека во него има траги од крв, а не бил пронајден и ножот со кој е извршен нападот. Вели дека сака јавноста будно да го следи случајот, и да не се дозволи да падне во заборав настанот кој го променил животот на неговото дете и на неговото семејство од корен. Од надлежните служби бара темелна истрага и решавање на случајот.