Познатиот канадски Ридо Канал Скејтвеј (Rideau Canal Skateway, најголемото природно лизгалиште во светот, е отворено за посетителите во сабота наутро, првпат по две години, соопшти Комисијата за национален капитал (NCC).
Лизгалиштетот долго 7,8 километри, првпат отворено пред повеќе од 50 години, е дел од светското наследство на УНЕСКО во Отава и е главна атракција за љубителит на лизгањето на мраз кои бараат возбудувања на отворено во типично студените зими во Канада.
Ридо Канал Скејтвеј минатата сезона, на почетокот на 2023 година, не беше отворен првпат поради недоволнот мраз, објави тогаш NCC, која го одржува и управува со лизгалиштето. Како виновник ја наведе благата зима предизвикана од климатските промени.
„Делот од 1,9 километар меѓу мостот Преторија и пристапните точки на улицата Банк ќе биде отворен за лизгачите“, соопшти NCC.
Според сценариото за умерени емисии, „NCC би требало да се подготви за сезони со помалку од 40 денови за лизгање приближно 50 проценти од времето“, се вели во проценката на ризикот од климатските промени врз Скејтвеј.