Повторно температурен шок во текот на неделава. Според прогнозите, по пеколните горештини во текот на работната недела, од петок не очекува заладување.
Времето утре во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, попладне во западните и во југозападните планински делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се движи од 10 до 19, а максималната од 30 до 37 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до мерена облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 19 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во наредните денови продолжува претежно стабилно и топло време и дневната температура ќе бележи пораст, а до средината на наредната седмица на повеќе места ќе надминува 35 степени. Во југоисточните делови од земјава ќе достигне и 39 степени. Во овие денови во попладневните часови во западните планински делови ќе има почеста облачност. Од петок температурата позначително ќе опадне и ќе има повторно појава на нестабилност проследена со локален пороен дожд и со грмежи.