Повторно тензии на грчко –турската граница кај Еврос

Во текот на вчерашниот ден, од претпладневните па сѐ до вечерните часови, со прекини, имало нови инциденти на грчко –турската граница кај Еврос , објавија локалните медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, грчките полицајци биле нападнати со солзавец од турска страна и имало нов, неуспешен обид за нелегален влез од Турција во Грција.

Група мигранти нанеле мала штета во еден дел од заштитната ограда, во обид да ја уништат, но биле спречени од грчката полиција.