Пет млади лица десетина минути по 23 часот во четвртокот се заглавиле во лифт во скопската населба Ново Лисиче во општина Аеродром, објави „Експрес“.
Децата телефонски побарале помош од најблиските, но тие не успеале да им помогнат и на помош беа повикани припадниците на противпожарната бригада на Град Скопје.
Очевидци тврдат дека околу 23.30 минути противпожарно возило е забележано како се упатува кон зградата на булеварот „АСНОМ“ во близина на бензинската пумпа на „ОКТА“, црквата „Свети Јован Крстител“ и паркот познат како „Авионче“.