![60992742_321928392036408_7908001546124656640_n-1-696x379](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/60992742_321928392036408_7908001546124656640_n-1-696x379.jpg?resize=696%2C379&ssl=1)
Пожарот кој изби пред околу еден час во една од кулите во скопската населба Карпош 4 е изгаснат. Во пожарот изгоре стан на најгорниот 16-от кат, а лицето кое живеело во него е пренесено во болница.
Според информациите од терен, станарот е пренесен на Токсикологија поради вдишување чад.
Полицијата засега нема информација која е причината за пожарот. Повеќе детали за пожарот се очекуваат подоцна, во текот на денот.