
Пожарот којшто избувна попладнево во канцеларии на Министерството за правда во центарот на Скопје е ставен под контрола. Екипите на противпожарната заштита на град Скопје се уште се на терен.
Пожарот, во кој се зафатени канцеларии во Министерството, е пријавен во 16 часот и 45 минути.
Во гаснење на пожарнот интервенираат вкупно десет возила со 25 пожарникари.