Танкер со нафта е запален во Аденскиот залив, соопшти неговиот оператор компанијата „Trafigura“, откако Хутите соопштија дека го погодиле со проектил.
Хутистичката милиција „Ансар Алаа“ соопшти дека во петокот доцна вечерта бил погодени британскиот танкер „Marlin Luanda“ кој пловел во водите на Аденскиот залив и дека по погодокот на пловилото избувнал пожар.
Компанијата оператор „Trafigura“ потврдила на прашање на BBC дека ударот предизвикал пожар во еден од товарните резервоари на бродот кој плови под знамето на Маршалските Острови. Додале дека воени бродови во околните води се упатиле да пружат помош.
Воениот портпарол на движењето Хути, Јаха Сареа, изјавил за Reuters дека групата користела „одреден број соодветни поморски ракети“ и дека нападот во петокот бил „директен“.
Нападот уследи по претходниот инцидент во петокот кога UKMTO пријави за истрелани два проектилa во водите во близина кон брод лоциран југозападно од Аден.
Американските власти изјавија за SBC News, американскиот партнер на британскиот радиодифузер BBC, дека танкерот бил погоден од противбродска балистичка ракета и дека брод на морнарицата одговорил на сигналот за помош. Нема информации за повредени, соопштија американските власти.
„Противпожарната опрема на бродот беше распоредена за да се локализира и контролира пожарот што започна во еден товарен резервоар од десната страна. Безбедноста на екипажот е наш најголем приоритет. Остануваме во контакт со бродот и внимателно ја следиме ситуацијата“, изјавил портпаролот на „Trafigura
Станува збор за најновиот во низата напади на јеменските Хути врз трговски бродови во и околу Црвеното Море, за кои смета дека се поврзани со Израел. Јеменската шиитска заедница вели дека ги изведува нападите како одмазда за страдатања на Палестинците во Појасот Газа во израелската офанзива против радикалното движење Хамас.
Британската Агенција за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти дека инцидентот се случил на 60 наутички милји југоисточно од Аден. Од агенцијата, исто така, потврдија дека екипажот на танкерот е безбеден. Ги предупредуваат другите бродови да минуваат со претпазливост и да пријават каква било сомнителна активност.
Од ноември, Хутите кои соработуваат со Иранм извршија десетици напади врз комерцијални бродови што пловат по Црвеното Море, еден од најпрометните водни патишта во светот, во знак на солидарност со Палестинците во Газа, каде Израел се бори против Хамас. САД и Велика Британија започнаа воздушни напади против групата како одговор на нејзините напади, а Хутите последователно предупредија дека ќе ги засилат своите напади врз бродовите.