Пожар во куќа во населбата „Кошишта“ во Охрид, нема повредени

Пожар рано изутринава избувна во станбена куќа во охридската населба „Кошишта“.

За пожарот во 00:35 часот била информирана Територијалната противпожарна единица од Охрид, од каде веднаш кон улицата „Андон Дуков“ биле испратени четири противпожарни возила и седуммина пожарникари.

Благодарение на навремената интервенција спречено е проширување на пламенот од опожарената куќа на останатите објекти во близина.

Освен настанатата материјална штета нема повредени лица во пожарот.

Причините за избувнувањето на пожарот треба да ги утврди истрагата.