![пожар](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/02/pozhar.jpg?resize=512%2C332&ssl=1)
Вчера во 14.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во една просторија во Казнено-поправната установа Затвор Битола во с.Горно Оризари, битолско, настанал пожар при што со повреди се здобил осуденикот Т.К.(33) од Битола, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
Пожарот бил изгаснат, а увид извршила увидна екипа на СВР Битола.