Пожарите во Калифорнија однесоа еден живот и оштетија имоти

Пожарите во националната шума Кламат, во близина на границата меѓу американските сојузни држави Калифорнија и Орегон, однесоа еден живот, изгореа најмалку девет куќи, а стотици луѓе беа евакуирани.

Пожарите кои со денови беснеат во Калифорнија се предизвикани од бура проследена со грмотевици која на 14-ти август ја погоди Националната шума Кламат. Два дена подоцна, 71-годишен маж бил пронајден мртов на патеката од неговиот дом во опожарената површина.

Во средата наутро, пожарот зафатил околу 50.000 квадратни метри, или четири отсто од површината на комплексот, во комплексот „Хепи камп“, објави Калифорнискиот оддел за шумарство и пожар. Во комплексот се активни неколку пожари, од кои најголемиот зафатил половина од вкупната опожарена површина.

Евакуирани се 755 луѓе, а пожарот се закани на повеќе од илјада и пол згради.

Во наредните денови се очекува пожарите да станат поактивни поради доаѓањето на сув воздух во околината.