Познат идентитетот на рибарот кој почина од струен удар

Полицијата го утврди идентитетот на 49-годишниот маж кој почина вчера ловејќи риба на реката Кумановска, откако трската му се заглавила во жиците на далеководот.

Станува збор за Ивица С. од Куманово кој починал од силниот струен удар oткако сакал да ја извади рибата што ја уловил, но трската му се закачила на жиците од далеководот, од кој со струја се снабдуваат не само околните куќи туку и неколку фабрики.

Несреќата се случила вчера околу 17 часот на улицата „Дане Божинов“ во Куманово. Кумановецот имал видливи изгореници по целото тело, а лекарските екипи кои пристигнале на местото можеле само да ја констатираат смртта.