Познат идентитетот на стружанецот кој загина на патот Прилеп-Битола

Лицето кое синоќа го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случи на магистралниот пат Прилеп – Битола е 61-годишниот Радован М. од Струга.

Според податоците од полицијата, несреќата се случила во 23 часот и 50 минути помеѓу товарното возило „Мерцедес 813“ со скопски регистарски ознаки управувано од 41-годишниот Н.Н. и возило марка „Даеву Нексија“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на лице од Радолишта, а кое го управувал Радован, кој починал на лице место.