Познат ловец на нацисти во Франција ги советува Евреите да гласаат за крајната десница

Неколку дена пред вториот круг од парламентарните избори во Франција, познатиот ловец на нацисти Серж Кларсфелд ги советувауваше Евреите да гласаат за крајната десница доколку се соочат со дилемата меѓу крајно десничарскиот Национален собир (RN) на Марин Ле Пен и крајно левичарскиот сојуз.

Советите од Кларсфелд, 88-годишен еврејски историчар кој го посвети својот живот за да се донесе правда за нацистите во бегство по Втората светска војна, се спротивни на ставовите на многу други еврејски водачи и интелектуалци во Франција кои ја гледаат борбата против Националниот собир како врвен приоритет на вториот круг гласање в недела.

Во интервју за американските медиуми, Кларсфелд рече дека крајно левичарската партија Непокорна Франција има милитантни пропалестински поддржувачи и „антисемитски призвук“, додека Националниот собир ги поддржува Израел и еврејскиот народ.

„Марин Ле Пен е шефица на партија коајто го подржува Израел и ги поддржува Евреите, такап што им советувам на оние коишто се соочени со изборот меѓу крјаната левица и она што некогаш беше крајна десница, а што сега ее популистичка партија, да гласаат за десницата“ рече Класферд.

Француската крајна десница Национален собир (RN), порано Национален фронт (FN), долги години важеше за антисемитска партија но под водство на таткото на Марин Лепен, основачот напартијата, Жан-Мари Лепен. Тој во 2011 година ѝ го отстапи лидерството на ќерката којашто подоцна го исклучи од партијата навредливите изјави за холокаустот.

Историскиот основач и идеолог на француската крајна десница, сега 96-годишниот Жан-Мари Лепен, во јули 2015 година беше отстранет од Националниот фронт, партија којашто ја основаше пред 40 години, по судирот со ќерката Марин Лепен, бидејќи неколкупати во јавноста го повторуваше ставот дека нацистичките гасни комори биле само „еден детаљ“ во историјата и застана во одбрана на ткн владата од Виши која соработувала со нацистичка Германија.

Тoa беше премногу Марин Лепен, која се обидува да ги симне стигмите од партијата во однос на расизмот и антисемитизмот од минатото, иако ја задржа главната линија на партијата одбележана со националистички и антимиграциски ставови.

Потоа се водеше правна битка пред француските судови кои го потврдија исклучувањето на Жан-Мари Лепен. Судот во Париз,
тогаш одлучи дека Жан-Мари Лепен има право да остане почесен претседател на партијата. Според тоа, Националниот фронт мораше да го повикува на состаноците на своето водство или ќе мораше да плати казна.

Наклонет на расистичките и антисемитски истапи, Лепен стариот беше партиски санкциониран по новата низа провокации за холокаустот, откако Марин се огради од изјавите на татко ѝ. Марин Лепен тогаш изјави дека нејзиниот татко со овие изјави извршил „политичко самоубиство“, дистанцирајќи се од него.

Нејзината стратегија на нормализација тогаш беше насочена на јакнењето на амбициите пред претседателските избори во Франција кои ги загуби во 2017 година. Потоа во 2018 година, Марин Лепен ја водеше иницијативата со којашто партијата беше премиенувана во Национален собир.