Позната е методологијата за спроведување на пописот

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски денес ја престави Методологијата за подготовка, организација и спроведување на пописот во април. Методологијата е јавна и може да се види на интернет страницата.

Пописот треба да се спроведе од 1-ви до 21 април годинава.
Опозицијата останува на ставот дека пописот треба да се одложи за наредната година, а доколку се инсистира тој да се одржи оваа пролет, да се спроведе по електронски пат.
ВМРО-ДПМНЕ, формално почна и иницијативата за укинување на Законот за попис.

Од СДСМ велат дека Законот за попис на населението што го усвои парламентарното мнозинство предводено од СДСМ гарантира спроведување на оваа статистичка операција по сите меѓународни пракси и стандарди, од страна државниот завод за статистика, кој има капацитет и подготвеност да спроведе успешен попис, по 19 години.

Методологијата може да ја погледнете ТУКА