Далеку сме од цела разврска за случајот „Рекет“, а овој случај е важен сегмент и поради Специјалното јавно обвинителство и неговото функционирање во кој претходно во четвртокот беше осудена на седумгодишна затворска казна неговата претседателока Катица Јанева, рече професорот Гордан Калајџиев на гостувањето на телевизија Алфа на емисијата „Што не е јасно“.
Што се однесува до Бојан Јованосвки-Боки13, според Калајџиев, тоа ќе трае кога станува збор за постапките со неговата невладина организацијат.
„Но, сепак знаете какво е судството кај нас предметите одат на повеќе инстанци и тоа трае и трае“, посочи професорот.
Според него, во овој момент може само да се суди за пресудата, и притоа треба да се почека таа да биде објавена и писмено.
„Вообичаено, судијата треба да се осврне на клучните работи, а ние слушнавме опис, а ништо за клучните докази. Мора да ја почекаме пишаната верзија на пресудата. Многу работи се нејасни на пример што правеле на 40 рочишта кога не добиле ништо за главните факти“, рече Калајџиев.
Во контекст на кажувањето на Јовановски дека парите од случајот „Рекет“ треба да се бараат кај поранешниот премиер и претседател на владејаката СДСМ, Зоран Заев, и неговиот брат Вице Заев, професорот Калајџиев забележа дека тоа не би требало да зачудува таквата изјава.
„Сите знаат за капацитетот на Јанева, а и на Јовановски, затоа постои тоа сомневање за нив дека можеле да го сторат тоа сами. Има предмети слични во кои се спомнува поранешен премиер, но тука не е СЈО, ниту Јанева , рече Калајџиев.
Додаде и дека своевремено ѝ укажал Јанева дека е глупаво и несоодветно да се слика со такви личности како Јовановски и слични, зошто беше јасно кој е сопственик на сега веќе затворената телевизија 1ТВ.