Во областа на воспитанието и образованието наградата му се доделува на проф. м-р Аџи Фида, педагог – методичар, додека в о областа на културата и уметноста наградата ја добива примабалерината Александра Мијалкова.
Проф. д-р Никола Јанкуловски, дигестивен хирург и примариус др. Коте Тасевски, специјалист ендодонт се добитници на оваа државна награда од областа на здравството.
Наградата на добитниците ќе биде врачена на осми декември во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Македонија.