Четириест и шестгодишен жител на Тетово е жртвата во инцидентот со смртни последици, а како сторител е идентификуван негов врсник и сограѓанин со кого седеле на иста маса, информираше во неделата Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот бил пријавен околу 23:50 часот, а според дојавата во угостителски објект на улицата „29 Ноември“ во Тетово, 46-годишниот Л.Д. од Тетово пукал во 46-годишниот А.А., исто така, од Тетово, со кого претходно заедно со уште неколку лица седеле на една од масите и консумирале алкохол, Притоа, на нападнатиот му била нанесен смртоносна повреда.
Осомничениот Л.Д. самиот се пријавил во Полициската станица Тетово, а во врска со случајот притворени се уште две лица, 31-годишниот М.А. од Тетово и 37-годишниот Л.Р. од селото Лисец, а едно само се пријавило.
По наредба на јавен обвинител, телото на А.А. е дадено на обдукција и се работи на целосно документирање на случајот.