Европската унија ги објави имињата на 18-те украински претставници на кои им е замрзнат имотот, а меѓу нив е и сменетиот претседател Виктор Јанукович и неговите блиски соработници.
ЕУ вчера најави дека ќе го замрзне имотот на украинските претставници кои сае наоѓа во земјите од Унијата, но не ги навела нивните имиња додека не се обелодонат во тамошниот Службен весник.
Имињата се објавени пред денешниот вонреден европски самит во Брисел посветен на кризата во Украина.
На списокот се наоѓаат најблиските соработници, вклучувајќи го поранешниот министер за внатрешни работи и правда, државен обвинител, шеф на службата за безбедност, како и синот на Јанукович, Александар.