Познати термините за натпреварите на Вардар и Еурофарм Пелистер во СЕХА лигата

Следната седмица македонските ракометни гиганти Вардар и Еурофарм Пелистер ќе ги одиграат своите први натпревари во регионалната СЕХА лига, а ги дознаа и точните термини.

Прво ќе играат битолчани против Татран Прешов на 4-ти април од 18,00 часот на домашен терен. Вардар, исто така, на домашен терен два дена подоцна ќе игра против Војводина во истиот термин од 18,00 часот.

Во реваншот Пелистер против Татран ќе игра на 10-ти април од 16,00 часот, а ден подоцна Вардар ќе ѝ гостува на Војводина од 16,30 часот.