Познатиот храм оштетен во нападот на Одеса

Познатиот храм „Преображение“ во Одеса е тешко оштетена во синоќешниот руски напад, во кој загинаа и ранети неколку лица, тврдеше во неделата шефот на локалните воени власти Олех Кипер.

Најмалку едно лице загина, а 19 се ранети во нападот со крстосувачки проектил на тоа пристаниште на Црното Море, рече Кипер, додавајќи дека меѓу ранетите има најмалку четири деца.

Храмот на Преображение е импозантна зграда изградена во 1794 година, кога Одеса како град го основа руската царица Катерина Велика, која беше срамнета од комунистичката власт во советската република Украина во 1936 година, за да биде обновена во 1999 година и осветена од рускиот патријарх Кирил неколку години подоцна.

Нововоспаставената Православна црква на Украина со асистенција на властите во Киев ја презеде контролата врз катедралата пред неколку години, додека таа претходно и припаѓаше на Украинска православна црква која е во рамките на Московската патријаршија.

Одеса инаку е со големо, можеби и мнозинско руско и рускојазично население, и во превратот во Киев 2014 година беше цел на војските лојални на новите прозападни власти и сцена на жестоки судури меѓу националистичките унијати дојдени од западто на Укриана кои во мај 2014-та подметнаа пожар во Синдикалниот дом во кој се засолнија припадници на руското и рускојазичното население. Во тој напад и подметнат пожар беа убиени или живи изгореа 42 луѓе, но до денес никој не е повикан на одговорност за тоа злосторство.

Во нападот на Одеса беа оштетени и пристанишната инфраструктура и неколку станбени згради. Русија со денови ги бомбардира силосите за жито во Одеса, гаѓајќи ги пристаништата за кои тврди дека служат за испораки на оружје за украинската војска.

Нападите уследија по едностраното повлекување на Русија од договорот за извоз на украинските житарки од пристаништата на Црното Море, вклучително и Одеса, откако Западот веќе цела година не ги почитуваше одредбите од договорот .

Според украинската војска, Русите користеле пет различни видови ракети и крстаречки ракети.

Во историскиот, стар дел на Одеса, во нападите наводно биле уништени неколку музеи, според трдења на украинската странашто предизвика бран критики. Во петокот, УНЕСКО „најостро ги осуди“ руските напади врз „неколку музеи“ кои „претрпеа штета“.

Одеса, чиј историски центар кој датира од периодот на царска Русија и од кој се уранти сите споменици со асоцијациии на руската култура, вклучително и на знаменити посатели и композитери, е вклучен во списокот на светско наследство, редовно е цел на руски напади, но станува збор за гранатирања на пристаништата, вклучително и военото и блиската воена база но не и станбените населби.

Градот доживеал „ноќ од пеколот“ во четвртокот, а Киев ја обвини Москва дека ја таргетира пристанишната инфраструктура за да го спречи можното обновување на украинскиот извоз на жито. Според Русија, пак, ова пристаниште се користи за испораки на оружје под закрила за наводен транспорт на украинските житарки.

Руското гранатирање продолжува и во други делови на Украина, во градот Купјанск, источниот регион Харков, Краснопил и Суми во североисточна Украина.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска изјави дека Украина сигурно ќе им одговори на руските терористи за нападите што ги извршија врз Одеса, пренесе Укринформ.

Зеленски ова го кажа на својот канал на Телеграм, каде што објави и фотографии на кои се прикажани последиците од последниот масовен ракетен напад врз градот.

„Ракети против мирни градови, против станбени згради, против катедрала… Не може да има оправдување за руското зло. Како и секогаш, ова зло ќе изгуби. И сигурно ќе има одмазда за руските терористи за Одеса. Тие ќе ја почувствуваат оваа одмазда“, напиша Зеленски.

Тој појасни дека им се дава помош на сите погодени од овој терористички напад, еден од многуте во последните денови.

Зеленски изрази благодарност и до сите кои им пружаат помош на жителите на Одеса, како и до сите кои се со Одеса во своите мисли и молитви.

„Ќе се справиме со ова. Ќе го вратиме мирот. А за тоа мора да го победиме руското зло“, напиша украинскиот претседател.

За време на последниот ракетен напад, во текот на ноќта, руските сили го погодија регионот Одеса со најмалку пет типа ракети – „Калибар“, „Оникс“, Х-22, „Искандер-К“ и „Искандер-М“, потсетува Укринформ.

Според првичните податоци, за кои потврди гувернерот на областа, Олех Кипер, во ночешните напади загинало едно лице, а 22 се повредени.