Кога се развеле пред 15 години, Бред Пит и Џенифер Анистон беа двете најголеми филмски sвезди во светот.
За време на нивната врска, Пит заработи милиони глумејќи во филмовите Fight Club, Snech и Ocean’s 11. Jенифер, од друга страна, таа имаше 1.000.000 долари по епизода на „Пријатели“. Меѓутоа, кога се венчале во 2000. година, тие не потпишале предбрачен договор. Сега се поставува прашањето што сите ги копка – колку чинеше разводот на Бред Пит и Џенифер Анистон?
За почеток, тие се запознале во 1994. година, непосредно пред почетокот на серијата „Пријатели“, но станале пар неколку години подоцна, за да се венчаат во јули 2000. година во Малибу. Бред Пит дури се појави во една епизода на „Пријатели“ и тоа беше една од најгледаните епизоди од целата серија.
„Пријатели“ завршија во 2004. година, а Џенифер и Бред ја реновираа вилата и рекле дека е време да се прошири семејството. Не помина многу време, Бред започна да го снима познатиот филм „Господин и госпоѓа Смит“ и сите повеќе или помалку знаеме што се случи понатаму.
До крајот на таа година, сè се смени и тие официјално го објавија разводот во јануари 2005 година. Бидејќи се венчаа во Калифорнија и немаа предбрачен договор, Џенифер имала право на половина од богатството на Бред.
Во тоа време, Пит заработувал малку повеќе од Џенифер, но не многу. Не ја интересирале неговите пари. Разделбата била обострана, а разводот брз и лесен, а сето тоа заврши во октомври 2005. година. Анистон ја добила нивната куќа во Беверли Хилс во вредност од 29.000.000 американски долари и задржала помал удел во нивната заедничка продуцентска компанија „План Б“.
Кога тој развод ќе се спореди со разводот на Бред и Анџелина, кој сè уште не е завршен, тоа е како ноќ и ден. Тие раскинаа во 2016 година а беа познати како Бранѓелина, но дури 5 години подоцна, тие не успеаја да го финализираат разводот, бидејќи не ги поделиле старателството и имотот.