
Прекинатиот квалификациски натпревар меѓу Албанија и Македонија, кој не се доигра синоќа поради силно невреме, ќе продолжи денес напладне на стадионот „Лоло Боричи“, од моментот на прекинот, 76.минута од средбата,јавува спортскиот портал ЕКИПА.
Резултатот до 76-тата минута кога беше прекинат натпреварот беше 1:1 и Македонија има убава шанса да се избори за победа.