![Во Собранието денеска седници на четири собраниски комисии](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/sobranie-e1449132441177.jpg?resize=640%2C294&ssl=1)
Продолжува 67. Седница во Собранието на Република Македонија. Пратениците меѓу другото ќе расправаат и за екстерното тестирање.
![Пратениците ќе расправаат за екстерното тестирање](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/07/zakon-transplantacija-sobranie.jpg?resize=640%2C440)
На дневен ред на седницата се предлог-законите за изменување на законите за основното образование, за средното образование и за наставници во основните и средните училишта, во прво читање, поднесени од пратениците од СДСМ.
На предлог на опозициските пратеници треба да се расправа и за предлог законите за изменување на законите за минимална плата, за буџетите во прво читање, како и за Информацијата за проблемот со се поголемото иселување,особено на младите од Република Македонија.