Единаесетмината пратеници, меѓу кои и поранешни министри, кои во изминатиот период ја напуштија грчката опозициска партија СИРИЗА ќе формираат посебна пратеничка група во грчкиот парламен.
Пратениците доцна ноќта во вторникот одржаа состанок и како што беше очекувано се договорија да формираат нова пратеничка група за која го имаат доволниот број, со оглед на тоа дека за формирање потребни се најмалку десет пратеници.
Новата пратеничката група, официјално ќе биде промовирана в понеделник кога ќе биде соопштено и името на новата политичка во Грција, додека, пак, претседател ќе биде поранешниот министер Алексис Харицис.
Станува збор за пратеници од две фракции кои си заминаа од СИРИЗА поради несогласувањата со новиот партиски лидер Стефанос Каселакис.