Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ зачудени од лажната солидаризација на СДСМ со докторите

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е зачудена од лажната солидаризација на СДСМ со докторите. Не ни е јасно како СДСМ кажува дека се солидаризира со докторите и здравствените работници, а истовремено не го осудува овој вандалски и криминален настан и понатаму продолжува политички да го злоупотребува ваквиот немил настан за свои партиски цели и потреби.

Ова стои во реакцијата од пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, по повод изјавата на пратеничката од редовите на СДСМ Јагода Шахпаска.

Интегрален текст од реакцијата на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ:

Пратениците од СДСМ и денес, повторно не го осудија нападот врз докторот кој што се случи во Клиничкиот центар во Скопје.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е зачудена од лажната солидаризација на СДСМ со докторите. Не ни е јасно како СДСМ кажува дека се солидаризира со докторите и здравствените работници, а истовремено не го осудува овој вандалски и криминален настан и понатаму продолжува политички да го злоупотребува ваквиот немил настан за свои партиски цели и потреби.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува Повелбата за носење на Закон за докторска дејност која беше потпишана помеѓу Министерот за здравство Никола Тодоров, Лекарската комора на Македонија и Македонското лекарско друштво. Оваа Повелба, чинителите се обврзаа да ја развијат во Закон за докторска дејност се со цел заштита и унапредување на докторската дејност и заштита на интегритетот и дигнитетот на докторот како личност и професионалец што придонесува кон обезбедување на квалитетна здравствена заштита. Како пратеници сметаме и сигурни сме дека оваа Повелба е на задоволство и на докторите и на пациентите.

Жалиме што пратениците од СДСМ се прават слепи и глуви на оваа Повелба и наместо да ја поддржат, тие и понатаму продолжуваат да глумат лажна загриженост за докторите и пациентите.

Имено, со оваа прес конференција, СДСМ уште еднаш покажа дека воопшто не е запозната и не ги разбира барањата на докторите и здравствените работници. Впрочем, тие не ги разбираат барањата на докторите ниту сега, ниту ги разбираа кога беа на власт.

СДСМ кога беа на власт, не покажаа разбирање за барањата на докторите кога тие бараа покачување на платата.

СДСМ кога беа на власт, не покажаа разбирање за барањата на докторите кога тие сакаа и бараа да им се платат обуките за доусовршување.

СДСМ кога беа на власт, не покажаа разбирање за барањата на докторите кога тие бараа нова медицинска опрема и реконструкција и градење на нови болници.

СДСМ кога беа на власт, не покажаа разбирање за барањата на докторите кога тие бараа нови амбулатни возила.

Ова се фактите кои што ја разоткриваат глумата и лажната загриженост на СДСМ кон докторите и пациентите.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ досега поддржа низа проекти и мерки кои што обезбедија поквалитетно и попристапно здравство за граѓаните, а истовремено значително се подобрија условите за работа и на докторите и здравствените работници.

Обезбедивме зголемени плати за речиси 25% на докторите.

Обезбедивме околу 2000 едукации во врвни странски установи за докторите на товар на државата, проект кој што континиурано се спроведува.

Обезбедивме 208 специјализации и 75 субспецијализации.

Исто така, обезбедивме набавка на нова медицинска опрема од 100 милиони евра и реконструкција на установите во износ од 150 милиони евра.

Отворивме нова Државна кардио хирургија и Детска кардио хирургија.

Набавивме 70 нови амбулантни возила за Итна медицинска помош и уште многу други проекти и мерки кои што го стабилизираа и подобрија здравствениот систем во Република Македонија кој беше оставен во хаос како последица на владеењето на СДСМ.

Ова се вистинските факти и дела кои што покажуваат кој ги разбира и кој излегува во пресрет на барањата на докторите и здравствените работници.