Законот за изменување на Законот за исплата на платите, по скратена постапка, денеска беше изгласан во обранието, на попладневното продолжение на 77-та седница.
Ибрахим Ибрахими, заменик министерот за труд и социјална политика, оваа одлука ја образложи со фактот дека платите во јавната администрација не можат да бидат зголемени поради светската и европска криза, потсетувајќи дека во европските земји не само што нема зголмување, туку има намалување на платите во јавниот сектор, од пет до 30 отсто.
Според пратеничката група на СДСМ, која не го поддржа законот, власта по петти пат одлага зголемување на платите во државната и јавната администрација.
Со законот се овозможува, наместо во декември годинава, зголемувањето на платите на вработените во јавниот сектор за пет отсто, да се реализира во октомври наредната година.