Правила за забава со маж кој е резделен, но не и разведен од сопругата

Не е препорачливо да се забавувате со маж кој се разделил од сопругата, но не се развел. Но, ако сакате да се обидете, треба да ги почитувате овие правила:

Раздеелноста треба да ја разберете

Првата работа која треба да ја имате предвид е што тој се уште е оженет. Разделен, не е исто што и разведен. Мора да знаете дека тоа е чекор кон развод или само фаза на размислување поради што дошло до тоа. Постојат повеќе причини зошто луѓето се разделуваат, па затоа е важно да знаете за што се работи.

Немојте да бидете љубоморни

Вашиот партнер нема никаква обврска спрема вас, но затоа има обврски спрема својата сопруга и семејството се додека разводот не заврши. Бидејќи поминува низ процесот на разделба, веројатно повремено ќе оди да ја посети својата сопруга, на што не треба да бидете љубоморни.

Знајте што ризикувате

Забавата со неоженет човек и забавата со оженет човек има свои ризици. Не постои начин да ги отстраните сите ризици, но барем мора да бидете свесени дека можеби се уште спие со својата жена. Многу разделени двојки и понатаму имаат секс.

„Отскочна“ штица

Ако не знае да ви одговори зошто забавувањето му е поважно од завршување на бракот, внимавајте да не станете негова „отскочна“ штица. На некои жени, овој статус не им пречи, но на најголемиот дел им пречи. Ако се сомневате во тој статус, влезете во врска полека, како емотивно така и физички. Она што сигурно не сакате е да бидете искористени, затоа бидете внимателни.