Правните експерти се поделени околу судбината на СЈО и преземањето на предметите од Јавното обвинителство на Љубомир Јовески. Според едни, со Законот за јавното обвинителство за кој веќе втор ден се дебатира во Министерството за правда, СЈО би требало да остане и да ги продолжи истрагите и да се избере нов специјален јавен обвинител. Според други, со Законот, СЈО ја губи автономноста и со тоа истрагите произлезени од „бомбите“ ќе се забошотат. За трети, најважно е Законот за Јавно обвинителство да се донесе. Академик Владо Камбовски посочува дека и во посебните одредби на сегашниот Закон за СЈО, е предвидено дека за неуредените прашања ќе се применува постојниот Закон за Јавно обвинителство, во кои постојат одредби за преземање на предметите од СЈО.
„СЈО одигра една своја улога, условно да речам транзициски период, во кој оствари таква функција, отвори низа процеси, доста смело, но како една вонредна институција и така според Законот за СЈО имаше одредено траење, како институција, но треба да се инкорпорира бидјеќи се претпоставува дека заедно со реформирте во судскиот систем полека се оспособува Јавното обвинителство како институција во целина, ефикасно да се справува со проблемите со криминалот особено со криминалот со високата корупција“, рече Владо Камбовски, МАНУ.
Според професорот Гордан Калајџиев, со новото законско решение СЈО се „закопува“. Предлага две решенија, првото, СЈО да остене и да го заврши мандатот и второ, силно обвинителство во рамки на Јавното обвинителство но, со свои истражители. За Калајџиев со сегашното законско решение СЈО ја губи автономијата и се враќа на ниво од пред четири години. По средбата Калајџиев изјасви.
„Јас лично избегнав да разговарам без концепт за судбината на СЈО во рамките на Обвинителството, особено не за негово укинување без проценка зошто треба да згасне, а неговите капацитаети да ги преземе Јавното обвинителстов, ние немаме оценка за успешноста и за едното и за другото обвинителство, за да оцениме кое заслужува. Концептот на Министерството за правда е да згасне СЈО, а да работи обвинителството на Вилма“, рече Калајџиев.
За Коалцијата за правично судење, по предметите мора и понатаму да се постапува и да имаат судска разрешница.
„Став на Блу принт групата за следење на реформи во правосудството е дека СЈО како тело треба да опстои и да функционира во склоп на хиерархијата и субординираноста на јавно обвинителскиот систем, меѓутоа и со одредена независност која беше предвидена и досега“, изјави Натали Петровска, Коалиција за правично судење.
Петровска додаде дека може да се формираат две обвинителства од кое едното би гонело висока корупција кај политичарите, а другото организиран криминал.