![111](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/111.jpeg?resize=696%2C410&ssl=1)
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Димитар Ковачевски.
„Меѓудругото токму поради ваквите евтини трикови и надмудрувања кои беа очекувани од СДС и Ковачевски, ВМРО-ДПМНЕ повика да се укине техничката влада, што Ковачевски истото го одби.
Со цел да се постапи државнички и одговорно ВМРО-ДПМНЕ прифати да учествува во техничката влада, без да го гласа техничкиот премиер Џафери од ДУИ.
ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став, и имињата за министри и заменици, согласно законот ќе бидат предложени наредната недела.
Останува на власта дали ќе одбере да го почитува законот, или истиот ќе го крши, што само ги открива и позадинските намери за загрозување на изборниот процес што е доказ за огромната доза на нервоза кај власта во заминување.
Правото не познава предлози за министри, „празно место” како што изјавува Ковачевски“.