Празничното расположение веќе пристигна во Лондон, а најпосетуваната улица во тој град е осветлена со илјадници светилки. На 2 ноември на улицата Оксфорд се одржа официјалното палење на светилките. Светилките наскоро ќе бидат вклучени и во другите делови на Лондон. На 8 ноември светилки и други украси ќе ги осветлуваат Карнаби и Ковент Гарден, на 9 ноември улицата Реџент и Св. Џејмс, а потоа и сите други области, улици и плоштади.
Судејќи според коментарите на социјалните мрежи, луѓето се воодушевени од изгледот на улицата Оксфорд.
И во Лондон и во другите европски градови, продавниците веќе се преплавени со божиќни украси, светилки и подароци.