Пред новиот протест во Белград, премиерката Брнабиќ ги обвини странските служби за дестабилизација на Србија

Српската премиерка Ана Брнабиќ во петокот ѝ порача на опозицијата, на денот кога беше најавен третиот протест „Србија против насилството“, дека нема да има „технички влади“ и промена на власта на улица, ниту „насилното затворање“ на медиумите во Србија и бранот протести во земјата го доведе во поврзаност со „странските служби“.

Брнабиќ на собраниската расправа за безбедносната состојба по двете масовни убиства во Србија на почетокот на мај, ги отфрли обвинувањата на дел од опозицијата дека Владата сноси одговорност за околностите во кои се случиле тие две трагедии.

„Нема шанси да ја формирате вашата техничка, експертска влада без изборната волја на граѓаните, на улица“, рече Брнабиќ која протестите и притисоците ги гледа како обиди на опозицијата да ја узурпира власта преку протести.

По двата протеста минатата седмица, за кои повод беа двете масовни пукања во кои вкупно беа убиени 18 лица а 20 беа ранети,опозицијата којашто се нарекува проевропската за во петок од 18 часот повика на голем граѓански собир против поттикнувањето и толеранцијата на насилството на јавниот простор.

Денешниот собир пред парламентот е дополнителен притисок врз властите, по барањата упатени до властите од претходните два протеста, кога во поворките по белградските улици имаше десетици илјади луѓе, според организаторите а не повеќе од девет илјади луѓе според властите.

Тие протести бараа разрешување на шефот на националната агенција за електронски медиуми, одземање на националните фреквенции од телевизиите Пинк и Хепи, чии реални програми поттикнувале насилство и омраза. Се бараат оставки и од министерката за внатрешни работи Братислав Гашиќ и од шефот на службата за безбедност Александар Вулин, откако министерот за образование Бранко Ружиќ поднесе оставка под масакрот на 13-годишникот во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“.

Брнабиќ оцени дека странските служби биле директно инволвирани во сѐ што следело по двете масовни убиства во Србија.

„Ова што се случува е директно влијание на странски служби и директна дестабилизација на Република Србија“, им порача Брнабиќ на пратениците.

Дел од проевропската опозиција, која заговара изведување граѓански бунт со насилно преземање на власта и го споменува промерот со киевски Мајдан од март 2014 година, ја напушти собраниската седница на која обраќање имаѓше премиерката

 

Дополнителен притисок од земјоделците

Дополнителен притисок врз властите во Белград се и протестите на земјоделците кои петти ден ги блокираат патиштата низ Србија, барајќи од државата помош, стимулации и субвенции за земјоделско и сточарско производство и поповолни цени на горивата.

Мнозинството од учесниците во блокадите сметаат дека е досегашната е недоволна за да се откажат понудата за делумно исполнување на барањата на сточарите, која вчера до нив ја испрати српскиот претседател Александар Вучиќ, по разговорите со лидерите на здружението на сточари и млекопроизводители. протестот.

Тврдат дека преговарачите кои вчера биле со Вучиќ се „пиони“ и „сателити“ на власта и „провладини здруженија“, а Вучиќ нема ни уставно овластување да преговара со нив, бидејќи тоа е работа на министерствата за земјоделство и за финансии и на владата.

Повеќе здруженија на земјоделци, чии членови сѐе уште ги блокираат патиштата низ државата, најавуваат „радикализација на протестите“ и целосна блокада на автопатиштата во пресрет на средбата со претставници на Министерството за земјоделство и финансии во сабота во владата.

Фармерите бараат зголемување на субвенциите по хектар обработливо земјиште, премија за литар млеко од 17 евроценти и минимална откупна цена на млекото од околу 66 евроценти за литар, плус приход од додадена вредност (ДДВ).

На списокот на барања е и да не се наплаќаат посебни државни давачки и ДДВ за дизел горивата за земјоделството, да се воведе заштитна такса за млечните производи увезени од Европската унија и земјите потписнички на договорот ЦЕФТА, како и тековната субвенција по кравата од околу 250 евра се зголемува на приближно 340 евра.