Пред самитот на APEC, Кси предупредува на судири од Студената војна

Кинескиот претседател Кси Џинпинг во четвртокот предупреди на судири слични на оние од периодот на идеолошката блоковска Студена војна, ден пред почетокот на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC).

„Азиско-пацифичкиот регион не може и не би требало да се врати во судир и поделбата од ерата на Студената војна“, изјави Кси во водио-говорот на форумот на деловните челници од блокот од APEC.

Повика на отфрлање на „практиките на дискриминација“ против поедини земји.

„Обидите да се повлечат идеолошките линии или да се формираат мали кругови на геополитички основи се осудени на пропаст“, рече кинескиот претседател.

Кси, исто така, се заложи земјите од работ на Пацификот подобро да соработуваат во борбата против Covid-19, наведувајќи ги методите за тестирање, медицината, истражувањата и развојот, како и производството и меѓусебното одобрување на вакцините против коронавирусот.

Во говорот не го коментираше договорот кој Кина и САД го потпишаа во средата на климатскиот самит COP26 во шкотски Глазгов за соработка на борбата против климатските промени, но зборуваше дека е потребно да се засилат напорите во борбата против глобалното загревање.

Кина и САД договорија „заедничка декларација за јакнење на акцијата за климата“, објави во средата во Глазгов кинескиот претставник за климата, Кси Женхуа.

„Двете страни го признаваат јазот меѓу сегашните напори и целите на Парискиот климатски договор, така што заедно ќе ја зајакнеме климатската акција“, изјави кинескиот фунцкионер за новинарите во Глазгов. Договорот покажува „дека соработка е единствениот пат за Кина и САД“, истакна.

Кина и САД се водечките земји во светот според емисиите на гасовите кoишто го предизвикуваат ефектот на стаклена градина, што според некои научници е одговорно за растот на темпертурите на Земјата.

Кси зборуваше и за жалбата на Пекинг да се придружи и на трговската група Договор за транспацифичка економска соработка (CPTPP), во кој се 11 држави и вети натамошно отворање на пазарите.

Во петок Кси Џинпинг ќе му се придружи на американскиот претседател Џо Бајден на онлајн самитот на APEC на кој домаќин формално е Нов Зеланд. Вкупно 21 земја на APEC, меѓу кои се и Русија и Јапонија, ја сочинуваат речиси половината од вкупната популација на планетата.