3.8 C
Skopje
петок, декември 27, 2024

Предизборно – Пошта распиша оглас за вработување на 280 лица

Вработувањата пред избори не престануваат да се нижат. Конкурсите не стивнуваат во предизборниот период и покрај апелите од антикорупционерите дека предизборните вработувања се изборна корупција.

Оглас за 280 работни места на неопределено работно време објавија и Македонски пошти, на неполни два месеци пред одржувањето на изборите. Јавниот оглас е отворен, главно за поштари, на територијата на целата држава.

Антикорупционерите како што ветија, внимателно ќе го следат однесувањето на сите чинители во општеството во предизборието и доколку оценат дека има најмал сомнеж за корупција ќе реагираат по сопствена иницијатива и по допрен глас од јавноста.

-Во периодот по утврдување на датумот за предвремени избори, а посебно во месец јануари, сме сведоци на сè помасовни објавувања на огласи за вработувања, што не е ограничено со законот, ниту со изборниот, ниту со нашиот закон, меѓутоа остава простор за сомневање дека се врши влијание врз гласачкото тело, дотолку повеќе што сами знаете дека некои конкурси не можат да си ја добијат својата завршница до изборите и на тој начин гласачкото тело, односно тие учесници во конкурсите се ставаат во некоја незавидна ситуација, во очекување. И тоа не е добро, изјави неодамна Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување корупција.