Протоколот е клучен документ-платформа за обезбедување на социјалниот напредок во Македонија и е од фундаментално значење за подобрување на состојбата на работниците, информира ССМ.
Документот е изготвен во рамки на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, финансиран од Европската Унија, а што го спроведува Меѓународната организација на трудот.