
Предлог-законот за амнестија за полесни кривични дела е готов и деновиве се очекува да го разгледаат четирите пратенички групи по што ќе биде процесуиран во Собранието, соопшти Министерството за правда информирајќи дека станува збор за предлог од министерот Кренар Лога и дека тој е веќе начелно прифатен од пратеничките групи и сите фактори во земјава.
„Од овој закон корист ќе имаат многу граѓани на кои ќе им се даде дополнителна можност за ресоцијализација.
Предлогот доаѓа по успешната амнестија на лицата кои сториле прекршоци за време на ковид пандемијата. Целта на законот е да нема пренатрупаност во затворите и драстично да се ослободат затворските капацитети, со што ќе се создадат оптимални услови за другите затвореници“, се вели во соопштението.