Предлозите на Заев за изборен датум, не ги прифатил никој на лидерската средба

По лидерската средба кај претседатрелот Стево Пендаровски на која имаше неуспешен обид да се договорат детали како ќе тече изборниот процес по вонредната состојба и епидемијата на корона вирусот во Македонија, од ВМРО-ДПМНЕ, посочуваат дека на средбата станало јасно дека Зоран Заев е осамен во желбата за брзи избори на сметка на здравјето на граѓаните.

Неговите позиции и лицитација со датуми не биле прифатени од ниту еден учесник на лидерската средба.

Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека Заев дошол исклучиво спремен да разговара само за датуми за изборите, а не и за заштита на здравјето на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ вчера излегоа со став дека за нив најважно е здравјето на граѓаните, а потоа слободни, фер и кредибилни избори. Лидерот на партијата, Христија Мицкоски предложи конкретен план во четири чекори со кој ќе се заштити здравјето на граѓаните и ќе се одржат избори. Прво треба да даде оценка здравствената комисија за состојбата во однос на здравствената ситуација и можноста за оддржување на избори. Потоа да се обезбедат набљудувачи, па потоа да се произнесе ДИК за тоа дали има услови за избори, за да на крај се обезбеди и определи миожен датум.