Со правосилна пресуда од Апелациониот суд – Скопје и ефективни затворски казни завршен е предметот во јавноста познат како „Чекан“, инфромираше во понеделнокот Јавното обвнинителство.
Во предметот што го водеше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција им се изречени затворски казни на седум лица за сторени кривични дела лихварство и изнуда. Од осудените лица е конфискуван имот од кој оштетените имаат право на надомест на штета,
Во предметот „Чекан“ беше опфатена криминална група која дејствувала во континуитет почнувајќи од 2008 година, претежно на територијата на Гостивар. Главниот мотив бил стекнување противправна имотна корист со извршување на повеќе кривични дела.
Обвинетите неовластено подолго време се занимавале со давање пари на заем на други лица со договор. Притоа, искористувајќи ја тешката состојба на лицата тие договарале за себе несразмерна имотна корист. За враќање на заемот вршеле притисок, користејќи сериозни закани и физички напади врз оштетените.
Обвинетите се товареа за кривични дела: злосторничко здружување, изнуда, перење пари, лихварство. Во исто време, јавниот обвинител предложи продолжување на мерката притвор за деветмина од обвинетите.
Двајца обвинети во акцијата „Чекан” претходно се спогодија со обвинителството и добија затворски казни од две години и седум месеци, односно две години и шест месеци.
Криминалната група во која биле и обвинетите, започнала да дејствува во континуитет од 2008 година, претежно на територијата на Општина Гостивар. Главниот мотив бил стекнување на противправна имотна корист со извршување повеќе кривични дела. Обвинетите неовластено подолго време се занимавале со давање пари на заем на други лица со договор. Притоа, искористувајќи ја тешката состојба на лицата тие договарале за себе несразмерна имотна полза. За враќање на заемот вршеле притисок, користејќи сериозни закани и физички напади врз оштетените.