Грција, Полска и Унгарија се европските земји во коишто предрасудите за Евреите се најраширени, покажува истражувањето на јавното мнение спроведено во 16 земји објавено во вторникот по повод годишната конференција на Европското еврејско здружение (EJA).
Анкетата која ја нарачала Лигата за дејствување и заштита (APL), која сорабитев со ЕЈА, покажува дека повеќе од третина од испитаниците во Грција и во Полска, или 36 отто, како и 30 отсто во Унгарија, мислат дека „Евреите нема никогаш потполно да се интергрираат во општеството“.
Во постоењето „тајна еврејска мрежа којашто влијае врз политиката и врз економијата во светот“ веруваат 58 отсто од Грците, 39 отсто од Унгарците и 34 отсто од Словацијата кои учествувале во обемното истражување со коешто биле опфатени 16.000 лица и чиишто први резултати беа објавени минатата 2020 година.
Околу 36 отсто од анкетираните Грци, 27 отсто од Унгарија и 23 отсто Полјаци имаат „лошо мислење“ за Евреите, а тој удел во Германија е 11 отсто, во Франција 8 отсто, во Шведска и во Велика Британија 3 а во Холандија само 2 отсто.
Во трите последно наведени земји холокаустот најмалку се релативизира, покажува анкетата која содржела 70 прашања.
Околу 28 отсто од анкетираните Грци, 26 отсто од Полјаците и 25 отсто од Австријците рекле дека „чувствуваат сѐ поголема одбивнот кон Евреите поради израелските политики“.
Рабинот Шломо Ковес, основачот на APL, сепак истакнува дека анкетата се однесува само на предрасудите за Евреите и дека би требало да се земат предвид и бројните инциденти и нападите врз припадните на овој народ, како и мислењето за еврејската популаци во поединечна земја за да не се создаде „целосно погрешна слија“ за ситуацијата.
„На пример, (од анкетата) произлегува дека предрасудите се најраширени во Грција, но не мислам дека Грција е најмалку сигурната за Евреите“, коментираше Ковес на прес-конференцијата.
„Загрижувачките резултати од анкетата покажуваат дека антисемитизмот се цврсто вкоренети во Европа“, оцени рабинот Менахем Марголин, претседател ЕЈА кој предвидува дека на оваа конференција ќе биде донесен акциски план со десет точки.
Анкетата во декември 2019 и во јануари 2020 година ја спрвел институтот Ipsos во Австрија, Белгија, Германија, Грција, Велика Британија, Италија, Латвија, Полска, Романија, Словачка, Франција, Холандија, Чепка, Шведска и Шпанија.