Предвремените парламентарни избори во Португалија во март 2024-та

Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса објави во четвртокот вечерта дека го распушта парламентот и распишува предвремени парламентарни избори за 10-ти март 2024 година, по оставката на премеирот Антонио Кошта чие име се споменува во корупциски скандал.

„Донесов одлука да го распуштам парламентот и да распишам избори за 10-ти март“, изјави португалскиот конзервативен претседател Ребело во телевизиското обраќање до нацијата.

Претседателот Ребело му се заблагодари на премиерот Кошта на „подготвеноста“ да продолжи да ја води владата додека неговиот наследник не ја преземе должноста.

Ребело ѝ се обрати на јавноста откао неколку часа претходно ги сослуша членовите на државниот совет, советодавното тело на португалскиот претседател, за политичката ситуација во земјата.

Ребело де Соуса одлучи да ги распише изборите, како што бараа главните политички партии и од левицата и од десницата со чии претставници се сретна во средата, за да се надмине политичката криза којашто настана по ненадејната оставка на Кошта.

Претседателот на го прифати предлогот на социјалистите коишто се залагаа да биде именуван нов премиер кој би управувал со поддршка од мнозинството со коешто располагаат во португалскиот парламент. Меѓутоа, според Ребело, таквото решение не би било идеално, бидејќи премиерот „не би бил потврден на избори“.

Премиерот Кошта, еден од ретките социјалисти на чело на некоја влада во Европската унија, во вторникот поднесе оставка во врска со налогот за апсење на шефот на неговиот кабинет и еден од неговите министри обвинети за „корупција и тргување со влијание“ во постапката во врска со давање концесија за рудник за литиум и за производство на ткн „зелен водород“.

Антонио Кошта ќе биде засебни испитан поради сомневање дека интервенирал „за да ги деблокира процедурите“ во рамките на споменатиот случај, наведува државното обвинителство на Португалија.