На улицата „Крушевска Република“ во Виница вчера во 18 часот се случила сообраќајна несреќа во која патничкото возила „фиат пунто“ со винички регистерски таблички управувано од 30-годишниот З.П од Виница, удрил во 66-годишниот пешак М.Г од Виница.
Со возило на Итната медицинска помош е пренесен М.Г во Здравствениот дом во Виница, каде била констатирана смрт. Увид на местото на несреќата извршила полицијата и јавен обвинител.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека за време на викендот на подрачјето на СВР-Штип е спроведена акциска контрола на возачи, кои вршат непрописно паркирање.
Преземени биле осум мерки, санкционирани биле и останати 30 прекршоци.