Прегазена млада прилепчанка, моторџијата побегнал

Млада прилепчанка е тешко повредена во несреќата што се случила вчера околу 18.10 часот на ул.„Димо Наредникот“ во Прилeп.

Како што соопшти МВР, мопед управуван од засега непознат возач удрил во пешакот А.А.(18) од Прилеп и го напуштил местото.

Од ударот А.А. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Прилеп. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.