Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 17 часот се случила на улицата „Теодосија Паунов“ во Кочани.
Во сообраќајна незгода која М.С. (24) од с.Оризари, управувајќи патничко возило „Форд Фокус“ со кочански регистерски таблици удрил во тројца пешаци, од кои двајца на возраст од 16 и еден на возраст од 17 години. Во незгодата пешакот на возраст од 17 години се здобила со тешка телесна повреда, информираат од полицијата.
Девојката по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа-Кочани била префрлена во Ургентниот Центар во Скопје.
Другите двајца пешаци се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.
Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.